(Видео) Французите ја тужат Аргентина поради расистичка песна – Скандалот предизвика хаос во соблекувалната на Челзи

(Видео) Французите ја тужат Аргентина поради расистичка песна – Скандалот предизвика хаос во соблекувалната на Челзи

пред 4 месеци

Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка со победата над Колумбија 1:0. Голот го постигна Лаутаро Мартинез во 112.минута.

„Гаучосите“ ја освоија третата голема титула во последните три години, а по натпреварот повторно предизвикаа скандал со начинот на кој ја прославија победата.

Аргентинските фудбалери повторно ја отпеаја „проблематичната“ песна во која се навредуваат француските репрезентативци со африканско потекло. Истата песна ја пееја и во декември 2022 година кога против Франција ја освоија титулата на Светското првенство во Катар.

Текстот на „песната“ зборува за потеклото на повеќето француски репрезентативци.

„Играат за Франција, но се од Ангола. Неговата мајка е Нигеријка, татко му е од Камерун, но пасошот му е француски“, вакак некако одат зборовите на оваа навредлива песна.

Снимките на кои Аргентинците ја пеат брзо се проширија на интернет и Француската фудбалска федерација реши да реагира.

„Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало ги осудува неприфатливите и дискриминаторски коментари кон играчите на францускиот тим како дел од песната што ја пееја играчите и поддржувачите на аргентинскиот тим по триумфот на Копа Америка. Соочена со сериозноста на искажаните зборови, спротивно на вредностите на спортот и човековите права, Француската фудбалска федерација одлучи директно да се обрати до Аргентинската фудбалска федерација и да поднесе тужба преку ФИФА за несоодветни коментари за расна дискриминација“, се наведува во соопштението.

Фудбалската федерација на Франција бара жестока казна и јавно извинување до Франција, репрезентацијата и нејзините фудбалери. Целиот овој скандал предизвика проблеми и во клубовите каде соиграчи се дел од француските и аргентинските фудбалери.

Најжестоко реагираа Французите од Челси, кои му се налутија на Енцо Фернандез, кој објави видео како ја пее навредливата песна.

„Лекип“ наведува дека цела соблекувална е лута со Фернандез, а својот гнев го искажаа и дел од француските играчи. Пред се Весли Фофана, кој напиша дека станува збор за чист расизам.

Покрај Фофана за Челси играат и Беноа Бадијашил, Мало Густо, Маланг Сар, Кристофер Енкунку, Аксел Дисаси и Лесли Угочукву. Повеќето од нив се повремени или потенцијални француски репрезентативци.

На „Стемфорд Бриџ“ затоа планираат да спроведат сопствена истрага за однесувањето на Аргентинецот, за кого платија 106,8 милиони фунти и кој има договор до летото 2031 година.

Кога виде колкава е „штетата“, Енцо Фернандез веднаш ја избриша снимката од својот профил на Инстаграм и уптати извинување.

„Искрено се извинувам за видеото на мојот Инстаграм, кое е направено за време на прославата. Песната содржи многу навредлив јазик и нема оправдување за моите зборови. Секогаш сум против дискриминација, се извинувам затоа што ме зафати еуфоријата во прославата. Тоа видео, тие зборови, тој момент не се одраз на моите верувања или карактер“, напиша Фернандез

Сето ова во Челси се случува кога во клубот пристигна новиот тренер Енцо Мареска и тимот практично е на нов почеток.

Share
Scroll to Top