(Видео) Фратези и стативата спречија кикс на Интер против Верона

(Видео) Фратези и стативата спречија кикс на Интер против Верона

пред 4 месеци

Интер, во невидена драма, која траеше 102 минути ја победи Верона со 2:1, во првиот натпревар од 19.коло во Серија А.

Кикс на Интер спречи најпрвин Фратези во 93.минута кога постигна гол за 2:1, а потоа и среќата им беше наклонета на избраниците на Симоне Инзаги. Во 100.минута, Хенри не успеа да реализира пенал, неговиот лош удар заврши во стативата.

Претходно, Интер дојде до предност во 13.минута со голот на Лаутаро Мартинез. Аргентинецот постигна гол и во 49.минута, кој беше поништен откако интервенираше ВАР собата.

Верона изедначи со голот на Хенри во 73.минута.

Интер со натпревар повеќе има 48 поени, пет помалку досега собраа фудбалерите на Јувентус. Верона остана на 17.позиција со 14 поени.

Share
Scroll to Top