(Видео) Фуриозен финиш на Денвер во Солт Лејк Сити

(Видео) Фуриозен финиш на Денвер во Солт Лејк Сити

пред 2 часа

Кошаркарите на Денвер ја победија Јута, во Солт Лејкс Сити, со 120:107 во натпревар од НБА лигата.

Српскиот центар Никола Јокиќ, заедно со Џамал ​​Мареј, беше најзаслужен за таков исход. Јокиќ го заврши натпреварот со 17 поени (7/19 од поле, 2/3 од три), 15 асистенции и девет скока за 36 минути. Тој имаше и две украдени топки.

Сега, по којзнае кој пат оваа сезона, му недостигаше скок за трипл-дабл.

Мареј беше офанзивно најмоќен со 36 поени, со што ја потврди брилијантната форма во која се наоѓа на почетокот на сезоната. Шутираше 12/20 од поле, 3/6 за три, 9/10 од линијата за слободни фрлања.

Кристијан Браун исто така даде голем придонес во победата со 20 поени.

Нагетс го решија натпреварот во последните неколку минути, прво со серија од 11:0, а го завршија натпреварот со серија од 19:4. Таа серија започна со водство на Џез од 104:103.

Во тој најважен период од натпреварот, Јокиќ и Мареј ја креираа, ја режираа играта, Никола со четири асистенции во тој интервал и поени, а Мареј со убиствен финиш. Домашниот тим едноставно немаше решение за феноменалното дуо на Денвер.

Од друга страна, Јусуф Нуркиќ го одигра првиот натпревар по 19 натпревари и го заврши со 5 поени, но и 11 асистенции, со шест скока. Најефикасни во поразениот тим беа Кијонте Џорџ со 25 поени и Дарин Петерсон со 20.

Ова беше шеста победа на Нагетс во последните осум натпревари, а 17-ти пораз на Јута во 20 натпревари.

И покрај триумфот, Денвер испадна од НБА купот. Нагетс имаа скор 3-1, испаднаа ппоради кош количникот.

НБА, резултати:

Њујорк – Мајами 105:108
Детроит – Милвоки 113:98
Индијана – Филаделфија 87:111
Торонто – Бруклин 124:100
Бостон – Атланта 86:87
Минесота – Мемфис 109:114
Финикс – Далас 109:113
Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 104:105
Портланд – Голден Стејт 116:94
Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 99:96
Јута – Денвер 107:120.

Share
Scroll to Top