(Видео) Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите

(Видео) Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите

пред 7 часа

Нигерија се пласираше во полуфиналето на овогодинешниот Африкански куп на нации со победа од 2:0 против Алжир. Стрелци беа Виктор Осимен во 47-та минута и Акор Адамс во 57-та минута.

Во полуфиналето, Нигерија ќе игра против домаќинот на турнирот, Мароко.

Четвртфиналниот натпревар помеѓу Нигерија и Алжир, имаше и трето полувреме. Алжирците тешко се справија со елиминацијата.

Додека Нигеријците го славеа пласманот во полуфиналето, разочараниот Лука Зидан, синот на легендарниот Зизу и голман на Алжир, влезе во вербалена, а потоа и физичка пресметка со неколку противнички играчи.

На теренот настана метеж, а во последен момент, редарите спречија дел од алжирските навивачи да истрчаат на тревникот, со што избегнаа посериозни инциденти.

Инцидентите не запреа на теренот. Она што започна таму продолжи во тунелот и микс зоната на стадионот во Маракеш.

Фудбалерите од Нигерија и Алжир сакаа да ги израмнат сметките на патот кон соблекувалните. Алжирците го нападнаа и судијата на натпреварот. Иса Си од Сенегал успеа да избега со помош на обезбедувањето.

Имаше судири и на трибините. Навивачите на Алжир, огорчени од испаѓањето кршеа столчиња на стадионот. Дури и новинарите се судрија во микс зоната.

Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI

Share
Scroll to Top