Лук Хемфрис стана светски шампион, откако во финалето на Светското првенство во пикадо го совлада Лук Литлер со 7:4.
Актуелниот шампион на Грен слем, Светскиот гран при и Шампионат за играчи го победи во спектакуларно финале 16-годишниот Лук Литлер, кој стана најмладиот вицешампион на планетата.
Со пласманот во финалето Хамфис стана најдобар играч на светот, а ова му е прва титула во кариерата.
Од друга страна 16-годишниот Литлер, кој се уште оди на училиште, го покори светот на пикадото, а откако стана најмладиот победник на меч на Светското првенство, ја пропушти шансата да стане и најмладиот светски шампион во историјата.
Публиката во Лондон имаше можност да ужива во вистински спектакл и беше сведок на неверојатен дуел полн со пресврти.
Хемфрис водеше со 2:1, тинејџерот возврати и поведе со 4:2, не не успеа да слави.
Сепак, искусниот Хемфрис остана мирен и прецизен, врза пет сета и стигна до светската круна.
Победникот освои 550.000 евра, а поразениот 230.000 евра.
LUKE HUMPHRIES IS WORLD CHAMPION!
Darting destiny fulfilled.
The world number one gets over the line against teenage sensation Luke Littler in a thrilling final! pic.twitter.com/IP6pPaWndm
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 3, 2024