(Видео) Хетафе е „црна мачка“ за Барселона – Шампионот не успеа да слави во Мадрид

(Видео) Хетафе е „црна мачка“ за Барселона – Шампионот не успеа да слави во Мадрид

пред 9 месеци

Фудбалерите на Барселона не успеаја со победа да ја започнат одбраната на титулата во Примера. На „Колосеум Алфонсо Перез“ во Мадрид, Хетафе и Барселона одиграа 0:0.

Гостувањето кај Хетафе е едно од најтешките во лигата за Барселона. Вечерашниот меч беше четврти по ред на кој Барселона не успеа да постигне гол. Три од последните четири натпревари во Мадрид завршија со резултат 0:0, а Хетафе има една победа 1:0.

Натпреварот беше исклучително лош. Барселона не успеа да се наметне, бавно ги организираше нападите, што само им ја олесни работата на добро организираните домаќини.

Поради честите прекини, жолтите и црвените картони, донесоа вкпуно судиско надополнување на врето од неверојатни 28 минути.

Веројатно клучниот момент на натпреварот се случи во 42.минута, кога Рафиња без причина удри противнички играч и доби црвен картон. Уште еден црвен картон главниот судија покажа во 70.минута. Теренот мораше да го напуштинтренерот на Барселона, Чави.

Силите на теренот се израмнија кога искусниот Мата, мораше да го напушти теренот, откако го доби вториот жолт картон.

Драмата кулминираше во 105.минута, судијата Сезар Сото Градо гледаше дали имало пенал врз Араухо, а во наредниот напад Лозано не успеа да го совлада Тер Штеген.

Share
Scroll to Top