Фудбалерите на Баерн го победија Лајпциг со 6:1 во 6-то коло од Бундеслигата и ја презедоа челната позиција во Бундес лигата.
Баварците, по киксот во Станвагер во Лигата на шампионите, си направија совршена увертира пред дуелот со Арсенал.
Лајпциг го плати цехот со камата за двата кикса на Баерн против Аугсбург и, Викинг.
Хет трик за Баерн постигна Луис Дијаз, додека Александар Павловиќ, и неизбежниот тандем на Михаел Олисе и Хари Кејн, ја погодија мрежата на Лајпциг по еднаш.
Баварците веќе водеа со 3:0 по 34 минути. Гостите веќе тогаш се впуштија во мисија да избегнат дебакл, но не успеаја.
Почесниот гол за Лајпциг го постигна малдиот Србин Андрија Максимовиќ, за него ова е прв гол во кариерата во Бундес лигата.
Баерн во тековната натпреварувачка кампања, постигна пет гола во еден натпревар по четврти пат. Баварците го направија ова против Штутгарт (5:1), Бодо/Глимт (5:0) и Унион (7:0).
Foto/ Depositphotos






