(Видео) Холандија лесно со Тунис, Јапонија и Шведска ремизираа

(Видео) Холандија лесно со Тунис, Јапонија и Шведска ремизираа

пред 7 часа

Холандија и Јапонија ја минаа групата Ф, а Шведска ќе почека, но најверојатно како третопласирана ќе оди во нокаут фазата. Изминатата ноќ, Холандија лесно се справи со Тунис (3:1), а Јапонија и Пведска одиграа 1.1.

Јапонија беше поопасна во првото полувреме, на кое двата тима пристапија многу претпазливо.

Првото полувреме беше обележано со повреда на шведскиот стопер Исак Хиен, кој потоа беше заменет од играчот од средниот ред на Тотенхем, Лукас Бергвал. А селекторот на Јапонија направи принудни измени – во 39-тата минута, Ко Итакура му го отстапи местото на Шого Танигучи.

Јапонија поведе со 1:0 во 56-та минута со голот на Дајзен Маеда. Напаѓачот на Селтик ја затресе мрежата по одлична акција и асистенција од Рицу Доан. Во 62-тата минута, Шведска го израмни резултатот на 1:1 со голот на Ентони Еланга.

До крајот, тимот на Греам Потер беше поопасен, но не успеа да го постигне победничкиот гол.

Холанѓаните поведоа со автогол на Елиес Скири во третата минута. Четири минути подоцна, Брајан Броби го постигна вториот гол за Холандија.

Тунис ја искористи летаргичната состојба на противникот на почетокот на второто полувреме и го преполови резултатот. Напаѓачот на Динамо Махачкала, Хазем Мастури, постигна гол во 54-та минута.

Потоа Холандија повторно ја презеде контролата врз играта – и во 62-та минута го реши прашањето за победникот со голот на Јан Пол ван Хеке.

Share
Scroll to Top