(Видео) Шарлот го декласира Денвер, Лејкерси славеа против Торонто

(Видео) Шарлот го декласира Денвер, Лејкерси славеа против Торонто

пред 7 часа

Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа убедлив пораз на домашен терен, а ЛА Лејкерс славеа против еден од најдобрите тмови во Источната конференција.

Денвер загубија од Шарлот Хорнетс со 87:110. Поразот е очекуван, бидејќи Нагетс покрај повредениот Јокиќ на овој меч беа и без Арон Гордон, Кем Џонсон, Кристијан Браун и Јонас Валанчунас.

Хорнетс победата ја најавија во првиот период кога стекнаа предност од 18:33.

Кај Денвер се истакна Џамал Мареј со 16 поени, еден скок и две асистенции, односно Џулијан Стротер со 15 поени.

Хорнетс ги предводеа Брендон Милер со 23 поени и четири скока, Рајан Калкбренер со 17 поени и шест скока.

Убедлив триумф запишаа и Лејкерси, 110:93 против Торонто Репторс.

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ постигна 25 поени со ужасна реализација (8/23) на кои додаде и седум асистенции.

Ист број на поени со 14 скокови реализираше Деандре Ајтон, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени со четири скока и седум асистенции.

Кај Репторс се истакна Скоти Барнс со 22 поени, девет скока и три асистенции, Грузиецот Сандро Мамукелашвили забележа 20 поени и шест скока, додека Брендон Инграм имаше 19 поени со шест скока и седум асистенции.

Резултати:

Чикаго – Бруклин 124:102
/Вајт 24 – Траоре 16/

Хјустон – Њу Орлеанс 119:110
/Смит Џуниор 32 – Марфи 21/

Сакраменто – Портланд 110:117
/Вестбрук 23 – Авдија 30/

Share
Scroll to Top