Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во вториот натпревар од серијата против Минесота Тимбервулвс со 119:114 во првото коло од НБА плејофот.
Серијата сега е 1-1 и се сели во Минеаполис, каде што шесторангираниот тим на Западот ќе има предност во наредните два натпревари.
Тешко е да се објасни како Денвер испуштија прендност од 19 поени. Одговорот лежи во фактот дека првите две ѕвезди, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, одиграа ретко лоша последна четвртина и дека донесоа лоши одлуки во нападот во последната минута.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 24 поени, 15 скока и осум асистенции, но во последната четвртина промаши речиси сè што испрати во кошот на Вулвс. Дури ни Мареј, постигна 30 поени, не му помогна, беше и надвор од ритам во клучните моменти кога Минесота ја стопи најголемата предност на Нагетс од 19 поени.
Тимбервулвс ги предводеше Ентони Едвардс со 30 поени и 10 скока, додека Џулиус Рендл имаше 24.
Третиот натпревар во серијата ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок во 3:30 часот, кога домаќин ќе биде Минесота.






