(Видео) Шоу на Мареј и пораз на Денвер без Јокиќ, Јанис во последната секунда го скрши Шарлот

(Видео) Шоу на Мареј и пораз на Денвер без Јокиќ, Јанис во последната секунда го скрши Шарлот

пред 11 часа

Кошаркарите на Денвер Нагетс не успеаја да слават на предизвикувачкото гостување во Кливленд, загубија со 113:108. Втор натпревар франшизата од Колорадо е без повредениот Никола Јокиќ, а покрај него поради повреди отсуствуваат уште четворица играчи.

На гостински терен во Охајо, против еден од тимовите со најдобрите тимови на Истокот, тимот на Дејвид Аделман се држеше добро до последната четвртина, но падна во финишот.

Денвер падна поради лошата реализиција во шутот за три поени. Исклучок беше Џамал Мареј, кој блескаше особено во првиот дел, кога постигна 28 од своите 34 поени. Канаѓанецот поддршка доби само од Пејтон Вотсон со 21 поен и Тим Хардавеј (15 поени).

Во редовите на франшизата од Охајо, Донован Мичел доминираше со 33 поени, го следеаГарланд со 18, Хантер со 16, додека Портер застана на 10.

Победничката серија на Западот ја продолжи тимот на Оклахома Тандер, откако загубија од Сан Антонио Спарс на крајот од годината претходната вечер, стигнаа до својата четврта последователна победа.

Актуелните шампиони на НБА лигата славеа без поголеми проблеми на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со резултат од 131:94. Убедливиот триумф на лидерот на Западната конференција го одбележа Шеј Гиџгес-Александер со 30 поени, додека Хорфорд, Муди и Ричардс со по 13 не беа доволни да го надоместат недостатокот на Стеф Кари во редовите на „воините“.

По два порази по ред, Сан Антонио Спарс исто така најавија знаци на добра форма, победија со 123:113 на гости против Индијана Пејсерс, и покрај просечната шутерска вечер. Диерон Фокс постигна 24 поени.

Лос Анџелес Лејкерс, славеа во дуелот со Мемфис Гризлис 128:121. Лејкерси ја забележаа втората победа на последните шест натпревари.

Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 34 поени со само една тројка, по него следуваше Леброн Џејмс со 31 поен, додека Џексон Џуниор се истакна за франшизата од Тенеси со 25 поени.

Феникс Санс ги декласираа Сакраменто Кингс со 129:102, а Портланд Треил Блејзерс беа исто така убедливи против Њу Орлеанс Пеликс со 122:109.

Интересно беше и на Истокот, каде што Њујорк Никс беа поразени дома од Атланта Хокс. Гостите од Џорџија славеа со резултат од 111:99 во натпреварот каде што Александар-Вокер и Оконгву со по 23 поени го засенија Бренсон кој застана на еден поен помалку.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Милвоки, каде што Бакс победија во со забивањето на Јанис Адетокумбо, на три секунди до крајот на натпреварот (122:121).

Гркот забележа дабл-дабл учинок од 30 поени и 10 скока.

Share
Scroll to Top