Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.