(Видео) Јокиќ 10-ти пат со трипл-дабл, Денвер победи во Мемфис

(Видео) Јокиќ 10-ти пат со трипл-дабл, Денвер победи во Мемфис

пред 2 часа

Нова НБА ноќ и нов трипл-дабл од неверојатниот Никола Јокиќ. Србинот одигра неверојатен натпревар и покрај тоа што шутираше само девет пати, погоди пет пати од тоа само две двојки и три тројки од четири обиди. Јокиќ беше неверојатен во победата на Денвер Нагетс од 125:115 над Мемфис Гризлис.

Јокиќ мечот го заврши со 17 поени, 16 асистенции и 10 скока, го забележа 10-от трипл дабл во сезоната и 174-ти во кариерата.

За помалку од 34 минути на теренот, Јокиќ приреди спектакл, погоди тројка од половина терен, делеше нестварни асистенции, а по една таква за Пејтон Вотсон коментаторот на Мемфис Гризлис призна:

„Тој е незапирлив. Ова е едно од најдобрите додавања што сум ги видел.“

Нагетс ја забележаа 13-та победа во сезоната и имаат скор од 13-4, што во моментов е доволно добро за второто место во Западната конференција. Заедно со неверојатниот Јокиќ, Денвер до победата го предводеа Џамал Мареј со 29 поени и осум асистенции (погоди две тројки во финишот кога го реши прашањето околу победникот), како и Пејтон Вотсон со 27 поени.

Никола Јокиќ во досегашниот дел од сезоната има трипл-дабл просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 11,1 асистенции.

Резултати:

Индијана – Детроит 122:117
/Сиакам 24 – Канингем 24/

Торонто – Кливленд 110:99
/Инграм 37 – Мичел 17/

Бруклин – Њујорк 100:113
/Клауни 31 – Таунс 37/

Мајами – Далас 106:102
/Хиро 24 – Вашингтон 27

Милвоки – Портланд 103:115
/Портис 22 – Грант 35/

Њу Орлеанс – Чикаго 143:130
/Вилијамсон 29 – Досунму 28/

Хјустон – Феникс 114:92
/Томпсон 28 – Брукс 29/

Голден Стејт – Јута 134:117
/Кари 31 – Џорџ 28/

Сакраменто – Минесота 117:112
/Де Розан 33 – Едвардс 43/

Share
Scroll to Top