(Видео) Јунајтед водеше до 83-та, па спаси бод во 96-та минута

(Видео) Јунајтед водеше до 83-та, па спаси бод во 96-та минута

пред 2 часа

Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во Лондон, во рамките на 11-то коло од Премиер лигата.

Јунајтед беше подобар во првото полувреме, поведе, но падна во вториот дел од натпреварот, Тотенхем ја презеде иницијативата и дојде до пресврт, на крајот во последните секунди Јунајтед сепак дојдоа до еден бод.

Домашниот тим немаше ниту еден шут кон голот во првиот дел од играта, а Јунајтед ја искористи единствената вистинска можност да поведе.

Се играше 32-та минута кога Брајан Мбеумо го искористи додавањето на Амадо Дијало и постигна гол за водство на гостите од 1:0.

До полувремето немаше промена на резултатот, а во вториот дел од натпреварот, Тотенхем беше тој што го контролираше темпото.

Веќе во 54-та минута, Кристијан Ромеро имаше добра шанса, но голманот на Јунајтед успеа да го одбрани неговиот удар. Само три минути подоцна, Жоао Палиња можеше да погоди, но Сене Ламенс повторно ја спаси својата мрежа.

Тотенхем ја затресе мрежата, поточно Бренан Џонсон во 63-та минута, но судијата го го поништи голот поради офсајд.

Беше мирно до 84-та минута, кога Матис Тел успеа да ја погоди мрежата на Ламенс за 1:1, по асистенција на Дестини Удоји.

Во првата минута од судиското продолжение, Тотенхем постигна уште еден гол. Бразилецот Ришарлисон постигна гол по додавање од Вилсон Одобер за 2:1. Токму кога се чинеше дека тимот од Лондон ќе ги освои сите три бода, следеше голот на Јунајтед, во последните секунди од натпреварот, Матијас де Лихт постигна гол по додавање од Бруно Фернандес за конечни 2:2.

Share
Scroll to Top