(Видео) Њукасл за полувреме го декласира Карабаг, Гордон влезе во историјата на ЛШ

(Видео) Њукасл за полувреме го декласира Карабаг, Гордон влезе во историјата на ЛШ

пред 3 часа

Фудбалерите на Њукасл го декласираа Карабаг со 6:1 во првиот натпревар од баражот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Натпррварот во Баку го обележа Ентони Гордон, стрелец на четири гола. Англичанецот е вториот играч во историјата на Лигата на шампионите, што постигнал четири гола во првото полувреме, по Луис Адријано во 2014 година.

Карабаг, апсолутен хит сезонава во Лигата на шампионите, подлефна на притисокот, одигра ужасно првото полувреме, во кое не најде начин да се справи со пресингот на ривалот.

За 30 минути Њукалс го реши прашањето околу конечниот победник во овој довомеч. Гордон ја отвори серијата, во осмата минута беше 2:0 со голот на Тијао, а потоа до крајот на првиот дел Гордон постигна уште три гола, два од нив од пенал.

Гордон е втор на листата на најдобри стрелци, зад Мбапе, досега во девет натпревари постигна 10 голови.

Карабаг барем малку го поправи впечатокот во вториот дел, но ниту тоа не беше доволно да го избегна катастроалниот пораз. Јафаргулиев намали во 55-та минута, потоа имаше домаќинот свои шанси да постигне уште еден гол, откако не успеа, точка на натпреварот стави Марфи во 76-та минута.

Реваншот, наредниот вторник во Њукасл, ќе биде само формалност. Инаку во осминафиналето, Њукасл ќе игра против Челзи или Барселона.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top