Популарниот поранешен презентер на „Топ гир“, Џереми Кларксон го исполни своето ветување и однесе пиво за тимот на Алпин, откако Естебан Окон заврши на подиумот во Монако.
Во текот на трката, Кларксон преку Твитер вети дека ќе купи пиво за цел тим доколку го задржат местото на подиумот и Кларксон во понеделникот качен на својот трактор однесе еден куп пиво на Окон во седиштетото на тимот во Енстоун.
Just your average Monday at Enstone 🍻#Alpine pic.twitter.com/FFk5BjqBoe
— BWT Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) June 12, 2023