Виландер за падот на Федерер: Факторот застрашување бледее!

Виландер за падот на Федерер: Факторот застрашување бледее!

пред 3 години

Тенискиот аналитичар Матс Виландер зборуваше за швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер откако овој беше просто „збришан“ од Полјакот, Хуркач во четвртфиналето на Вимблдон.

Федерер долг период не игра во континуитет, па повторно се покрена прашањето дали е време тој да оди во спортска пензија.

„Кога нема да одиграте доволен број мечеви, тогаш ви недостасува самодоверба. Кога форхендот не ве служи, не е лесно да се потпреш на останатите удари, кога најсилните не работат како што треба. Факторот застрашување бледее кога се работи за Федерер. Пред се треба да се истакне дека Хуркач одигра неверојатен меч и заслужено победи“ рече Виландер.

Токму Хуркач ќе има можност и за чекор понатаму, утре игра полуфинален дуел на Вимблдон против Италијанецот, Матео Беретини.

Share
Scroll to Top