Вилијан Хосе замина во Вулверхемптон, на неговото место Сосиедад го донесоа Фернандез

Вилијан Хосе замина во Вулверхемптон, на неговото место Сосиедад го донесоа Фернандез

пред 3 години

Вулверхемптон донесоа напаѓач кој ќе го замени повредениот Раул Хименез. Нов играч на „Волците“ е Бразилецот Вилијан Жозе.

Напаѓачот на Реал Сосиедад до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Вулверхемптон. По завршувањето на сезоната, англискиот тим, ќе може да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Реал Сосиедад експресно најдоа замена за Вилијан Жозе. Нов играч на клубот е Карлос Фернандез. Овој млад напаѓач минатата сезона играше одлично во Гранада, како позајмен играч од Севилја.

На почетокот на сезоната тој се врати во Севилја, меѓутоа речиси и да не играше кај Хулен Лопетеги. Севилја од неговиот трансфер заработи 10 милиони евра.

 

Share
Scroll to Top