Вилок во 95. минута го расплака Ливерпул

Вилок во 95. минута го расплака Ливерпул

пред 3 години

Ливерпул повторно во едно бледо издание испушти победа на својот „Енфилд“. Тимот на Њукасл му откина бод на се уште актуелниот англиски шампион и тоа со гол во 95 минута.

Ливерпул поведе на мечот со убавиот гол на Мохамед Салах од свртување, уште во 3. минута од натпреварот. Ова беше прв погодок за Египѓанецот на „Енфилд“ по речиси 4 месеци.

„Црвените“ имаа повеќе од играта, упатија повеќе шутеви кон противничкиот гол, но без реализација.
Затоа финишот беше кобен за нив.

Најпрво Вилсон постигна гол во 92 минута, но по ВАР асистенција истиот беше поништен поради играње со рака.
Сепак, во 95 минута 22-годишниот Вилок постигна погодок кој беше регуларен.

Со ова реми Ливерпул се има 54 бодови по 33 одиграни меча и се наоѓа на шестата позиција, бод помалку од четвртопласираниот Челси.

Њукасл, пак, до сега собра 36 бода и е на +9 од позицијата која носи во Чемпионшип.

Share
Scroll to Top