Репрезентативецот на Бразил и фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, изјави дека минатото лето се чувствувал „целосно преоптоварен“ од шпекулациите за трансфери, што придонело за неговата лоша форма на почетокот од сезоната.
Винисиус одигра 12 натпревари за Реал оваа сезона, постигна само еден гол и забележа три асистенции.
Британските медиуми потсетуваат дека бразилскиот фудбалер беше поврзуван со Арсенал во текот на летото, но на крајот ја продолжи соработката со Реал.
Винисиус призна дека не тренирал толку колку што требало откако беше елиминиран со Бразил во осминафиналето на Светското првенство, кое се одржа во САД, Канада и Мексико.
„Мислам дека по Светското првенство не се подготвив најдобро што можев, бидејќи тој турнир имаше многу силно влијание врз сите Бразилци. Не очекувавме да бидеме елиминирани толку рано. Затоа го користев одморот за да уживам, да се релаксирам и да поминувам повеќе време со моето семејство. На крајот, тренирав помалку отколку во претходните години. Тоа можеби влијаеше на мојот почеток на сезоната“, рече Винисиус, а потоа продолжи:
„Дополнително, кога станува збор за продолжување на договорот, поради големиот интерес на многу клубови минатото лето, се чувствував навистина преоптоварен, како и целата ситуација со Реал. Сепак, сезоната е многу долга.“
Foto/ Depositphotos






