Виртус Рома ја напушти Серија А

Виртус Рома ја напушти Серија А

пред 3 години

Кошаркарскиот клуб, Виртус Рома, европски првак од 1984 година, се откажа од настап во елитната италијанска лига. Кошаркарската федерација на Италија, потврди, дека поради финансиски проблеми, клубот од Рим ја напушта лигата.

Виртус сезоната ја започнаа без спонзор и уште од првиот ден во новата сезона, медиумите пишуваа дека првиот човек на клубот Клаудио Тоти,ќе го повлече овој потег.

Клубот од Рим е основан во 1960 година, во историјата два пати го освојувал поранешниот Куп на Радивој Кораќ, а по еднаш бил најдобар во Купот на шампионите, ФИБА интернационалниот куп, како и првенството и Купот на Италија.

Дресот на Виртус Рома го носеле многу познати имиња. Дино Раѓа, Дејан Бодирога Луиџи Датома, Грегор Фучка, Карлтон мајерс, Ентони Паркер…

Share
Scroll to Top