Витиња нема намера да се сели во Реал Мадрид

Витиња нема намера да се сели во Реал Мадрид

пред 2 часа

Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња не сака да го напушти ПСЖ.

Реал навистина го сака Португалецот. Во Мадрид го гледаат како идеален играч кој ги има карактеристиките на Лука Модриќ и кој би поврзал раштимуваниот среден ред оваа сезона.

Флорентино Перез бил подготвен да издвои 100 милиони евра за неговите услуги. Сепак, Витиња, јасно стави до знаење, дека не сака да го напушти ПСЖ.

„Би било глупаво од мене да си заминам. Мислам дека тоа не е најдоброто нешто за мене“, изјави Витиња за Канал 11 и продолжи:

„Се чувствувам многу добро во ПСЖ. Чувствувам дека луѓето ме ценат и дека се изборив за тоа. Ми се допаѓа да играм за ПСЖ, моето семејство исто така ужива во Париз. Имаме одличен тим и врвен тренер“, рече Витиња.

Исто така, тој откри дека не би се преселил и во Саудиска Арабија, барем не во својот најдобар период:

„Никој не е наивен и јасно е дека огромните пари носат мир во животот, но мене не ме интересираат работите што можат да се купат со пари. Повеќе ме интересира мојата кариера. Исто така, заработувам добро во ПСЖ, тоа е голем клуб и не би бил посреќен ако заработам два или три пати повеќе пари.“

Португалскиот играч од средниот ред е член на францускиот клуб од летото 2022 година. Тој пристигна од Порто за нешто повеќе од 40 милиони евра.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top