Виљареал испуштија победа во Елче

Виљареал испуштија победа во Елче

пред 3 години

Виљареал освои само еден бод во Елче, иако во натпреварот од 22.коло, против давеникот, на полувреме имаше предност од 0:2. Натпреварот заврши 2:2. Виљареал има четири нерешени резултати на последните четири натпревари, тимот на Унаи Емери нема победа од 8.јануари, додека Елче 15 натпревари не знае за победа.

Виљареал одигра совршено во првото полувреме. Џерар Морено, се врсати во тимот откако ги пропушти претходните три натпревари и постигна два гола во 16 и 35.минута.

Покрај головите, Виљареал имаа уште три добри шанси да го декласираат противникот.

На самиот старт од второто полувреме, поранешниот играч на Леганес, Кариљо, намали на 1:2. Овој гол им даде крилја на фудбалерите на Елче, кои извршија голем притисок кон голот на Асенхо и до израмнување дојдоа во 65.минута. Стрелц беше Аргентинецот Боје.



Share
Scroll to Top