Виљареал ја брани честа на на континетална Европа

Виљареал ја брани честа на на континетална Европа

пред 3 години

Вечерва ќе бидат познати финалистите во Лига Европа. Реални се шансите и во ова натпреварување за трофејот да се борат англиски клубови. Од 21 часот ќе започнат натпреварите Арсенал-Виљареал и Рома-Манчестер јунајтед.

На Арсенал нема да им биде лесно да ја стигнат предноста на Виљареал од 2:1. Виљареал, пред една недела, не ја искористи можноста со поголема разлика да го победи Арсенал.

Арсенал и Виљареал, досега два пати играле во Лигата на шампионите. По два натпревари во 2006 и 2009 година, клубот од Лондон излегувал како победник против „жолтата подморница“.

Во вториот натпревар не би требало да има никаква неизвесност. Јунајтед во Рим ќе стартуваат со предност од 6:2. „Црвените ѓаволи“ се во добра форма, ќе се обидат уште еднаш да го освојат трофејот. Јунајтед, Лига Европа ја освоија во 2017 година.

Дуелот за титулата ќе се одигра на 26.мај во Гдањск.

Share
Scroll to Top