Влаховиќ ја отвори душата: Не е вистина дека сакав да заминам од Јувентус

Влаховиќ ја отвори душата: Не е вистина дека сакав да заминам од Јувентус

пред 6 часа

Душан Влаховиќ е херојот на Јувентус во ремито против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите.

Јувентус и Борусија одиграа спектакуларно второто полувреме во Торино. Гостите од Германија до 94.минута имаа доство 2:4, на крајот натпреварот заврши без победник 4:4.

Влаховиќ е тема во италијанските медиуми ден по натпреварот. Влезе на теренот во 60.минута, постигна два гола, а во 96.минута повлече контра и му асистираше на Кели кој постигна гол за 4:4.

Српскиот напаѓач не сакаше премногу да се задржува на фактот дека не е стартер кај Игор Тудор, истакнувајќи дека од него зависи да работи напорно на тренинзите.

„Тренерот има право да одлучи кој ќе игра, а јас се трудам секој ден на тренинзите да бидам подготвен и да му помогнам на тимот на најдобар начин. Бев стартер поголемиот дел од мојата кариера и секогаш постигнував голови, но денес, со новите правила за замени, играчите од клупата имаат значајна улога. Секако, секој сака да го започне натпреварот, но јас ги почитувам одлуките на тренерот и се обидувам да го дадам максимумот кога ќе добијам можност.“

Тој се осврна и на летниот преоден рок, каде што се шпекулираше дека сигурно ќе го напушти Јувентус.

„Не ми беше лесно, приказните се појавуваа секој ден, а сега можам да кажам дека 99 отсто од нив немаа никаква врска со реалноста. Такви приказни можат да те иафрлат од колосе, но јас најдов сила во тоа, секој ден мора да се докажуваш, секогаш да бидеш гладен. Никогаш не сум задоволен, постигнав два гола и асистирав, сакав да постигнам уште еден“, рече српскиот напаѓач.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top