Ворли победи во Кронплац

Ворли победи во Кронплац

пред 4 години

Теса Ворли од Франција, победи на трката во велеслалом, која се возеше во Кронплац, Италија. Ворли по двете трки имаше време 2:11.38 минути и ја забележа првата победа во Светскиот куп по пауза од две години. Таа победи пред Лара Гут-Бехрами од Швацарија (2:11.65) и Марта Басино од Италија (2:12.11).

Трагичарка на денот е Мишел Гисин од Швацарија. Таа беше најдобра по првата трка, водеше и во втората, но направи грешка во самиот финиш и на крајот го освои шестото место.

На четвртото место трката ја заврши Американката Михалеа Шифрин, која првата трка ја заврши на второто место.

Басино и по денешната трка остана на челната позиција во поредокот, во велеслалом. Италијанската има 460 поени, Ворли со 336 се проби на второто место, а Гисин е трета со 312.

До крајот на сезоната останаа уште две трки во велелслалом.

Неизвесно до крајот на сезоната ќе биде и во борбата за Големиот кристален глобус. Петра Влхова води во вкупниот пласман со 883 поени, 10о повеќе од Гисин, Гут-Бехрами и Басино.

Share
Scroll to Top