Во завршна фаза е трансферот на Алаба во Удинезе

Во завршна фаза е трансферот на Алаба во Удинезе

пред 3 часа

Давид Алаба (34), легенда на Баерн и австриската репрезентација, на кого повредите му ја уништија кариерата во Реал, постигнал договор со Удинезе.

„Удинезе постигна усмен договор во врска со потписот на Давид Алаба! Клубот работи на сензационалниот трансфер на поранешната ѕвезда на Реал. Договорот е речиси затворен“, објави инсајдерот, Фабрицио Романо.

Кога договорот и официјално биде завршен, Алаба може веднаш да биде регистриран за Удинезе и да игра за клубот без оглед на фактот што преодниот рок одамна заврши бидејќи доаѓа како слободен играч.

За пет години, Алаба пропушти повеќе натпревари на Реал (136) отколку што одигра (132). Минатата сезона, тој започна само шест натпревари, па неговата кариера во Реал заврши разочарувачки.

Во Мадрид, неговото заминување значително го олесни буџетот. Алаба заработуваше околу 430 илјади евра неделно во Реал. Само Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор добиваа повеќе од него.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top