Во Партизан не запираат – доаѓа европско засилување од НБА лигата

Во Партизан не запираат – доаѓа европско засилување од НБА лигата

пред 3 години

Завчера екипата на Партизан ги започна подготовките за новата кошаркарска сезона, а новиот тренер Жељко Обрадовиќ веќе забележа што и недостасува на екипата, па тргнаа по нови засилувања.

Легендарниот стручњак смета дека на „црно-белите“ им треба засилување под обрачите, па во НБА лигата најде европско решение за таа позиција.

Наводно, се работи за 23-годишниот Германец Ајзеа Хартенштајн (висок 213 сантиметри) кој сјајно се снаоѓа на позиција на центар и крилен центар.

Хартенштајн во НБА ги помина претходните 3 сезони, првите две во Хјустон, а последната ја почна во Денвер, но ја заврши во Кливленд Кавалирс каде имаше просек од 8,3 поени, 6 скока, 2,5 асистенции и 1,2 блокади на меч.

Пред да отиде во НБА, германскиот кошаркар играше за Артланд Драгонс и Жалгирис.

Share
Scroll to Top