Во сабота е 37. издание на Охридскиот маратон

Во сабота е 37. издание на Охридскиот маратон

пред 2 месеци

Најпознатата пливачка манифестација од меѓународен карактер во Македонија, Охридскиот пливачки маратон, оваа година ќе се одржи по 37 пат. Главната трка на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид, ќе се одржи во сабота 31 август.

Годинава Охридскиот пливачки маратон се одржува во рамки на „LEN world aquatics“.

На стартот закажан за 11 часот ќе се најдат вкупно 19 пливачи од 9 држави. Во машка конкуренција ќе пливаат 11 пливачи, меѓу кои тројца македонски маратонци: Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе настапат 8 пливачки, меѓу кои и нашата Росана Гошева.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2000 се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК Охридски бранови 2008 – Охрид.

Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро кај градскиот кеј, на 28 и 29 август ќе се одржи и Балканско првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу 200 млади пливачи од регионот.

Share
Scroll to Top