Во Србија се местеле и кошаркарски натпревари

Во Србија се местеле и кошаркарски натпревари

пред 3 години

Нов скандал го тресе спортот во Србија. Откако УЕФА пријави дека истражува неколку натпревари одиграни во Првата лига на Србија, под сомнеж се ставени и натпревари во кошаркарскиот шампионат на оваа земја.

За српските медиуми, комесарот на лигата, Леон Делеон, потврдил дека Првата лига и резултатите се под истрага и дека биле поднесени кривични пријави.

„Ја разгледавме ситуацијата, за некои чудни резултати во последните кола. Поради тоа решивме да поднесеме кривични пријави против непознати сторители“, рекол Делеон за „Спортски журнал“.

Тој не открил кои натпревари предизвикале сомнеж кај надлежните во Кошаркарскиот сојуз на Стбија.

Кошаркарската лига на Србија ја освои Младост од Земун, а во Суперлигата на Србија и во АБА 2 лигата пласман избори Војводина од Нови Сад. Во Втората лига наредната сезона ќе играат Напредак и Пирот, додека бараж за пласман во Суперлигата избори Златибор.

Share
Scroll to Top