„Време е Ѓоковиќ, Надал и Федерер да ги испратиме во историјата“

„Време е Ѓоковиќ, Надал и Федерер да ги испратиме во историјата“

пред 3 години

Младиот јужноафрикански тенисер Лојд Херис кој на годинешниот САД опен стигна до четвртфиналето (елиминиран со 3-0 од Александер Зверев) имаше интересна изјава поврзана со „големата тројка“ во светот на тенисот.

24-годишниот тенисер кој моментно е на 31. позиција на АТП листата смета дека се ближи крајот на блескавите кариери на Ѓоковиќ, Надал и Федерер и очекува успех на младата генерација.

„Новата генерација чука на вратите. Ако ги погледнете првите 50 тенисери сега, има повеќе млади играчи меѓу нив, најмногу во последните 20 години. Оже Алијасим имаше сјајна серија на САД опен, како и Хуркач, Руд освои три титули годинава. Тие момци ги знам уште од јуниорските денови и убаво е да се види како напредуваат. Мислам дека е време „големата тројка“ да ја испратиме во историја и да го преземеме кормилото на светскиот тенис“ порача Херис.

Тој имаше свој коментар и за финалето во Њујорк, меѓу Ѓоковиќ и Медведев.

„Новак беше незадржлив сезонава, се до последниот меч. Мислам дека налета на исклучително тежок противник тој ден. Данил играше добар тенис цело лето и тој е симболот на таа нова генерација“ истакна Лојд Херис.

Share
Scroll to Top