Жестока тепачка и прекин е епилогот на натпреварот од Евролигата, втор во четвртфиналната серија меѓу Реал Мадрид и Партизан (80:95). Најжесток беше Гершон Јабуселе, кој му направи ММА зафат и го тресна на земја Данте Егзум. Кошаркарот на Партизан многу веројатно има скината тетива и ќе паузира долго.
Страстите веднаш зовреа и во Белград каде треба да се одигра третиот натпревар од серијата. „Гробари“ уште отсега се закануваат дека кошаркарите на Реал Мадрид „нема живи да излезат“ од Арената.
Во меѓувреме, се појави и снимка дека би можел жестока казна да добие и Матијас Лесор. И тој со боречки зафат со легна на земја Џанан Муса.
To je taj Lessort, izbio mu Musa vazduh pic.twitter.com/b4clCzhmlL
— Luki (@CzvLuki) April 27, 2023