Врсаљко, Савиќ и цел тим на Атлетико му се навртеа на Џек Грилиш

Врсаљко, Савиќ и цел тим на Атлетико му се навртеа на Џек Грилиш

пред 3 години

Џек Грилиш не беше стартер за Манчестер сити при 1:0 победата над Атлетико Мадрид, влегувајќи во игра во 68. минута од мечот, но овие дваесетина минути беа доволни фудбалерите на „рохибланкос“ да му се навртат на англискиот фудбалер и имаа среќа што некој од нив не доби црвен картон.

Првиот инцидент се случи во 82. минута, кога Анхел Кореа намерно шутираше во лицето на паднатиот Грилиш и зачудувачки по мешаницата доби само црвен картон.

Но, во прв план во „нападите“ кон Грилиш беа балканските дефанзивци, Хрватот Шиме Врсаљко и Црногорецот Стефан Савиќ, кои и по крајот на мечот го провоцира Англичанецот. Посебно интересен момент имаше Врсаљко, кој како да сакаше да му каже на Англичанецот дека му е потребно потстрижување. Интересно, иако беше во игра само 20-тина минути, Грилиш беше најфаулираниот фудбалер на Сити на теренот.

Ќе биде многу интересно на „Ванда Метрополитано“ на 13 април.

Share
Scroll to Top