Вулверхемптон назначи нов тренер

Вулверхемптон назначи нов тренер

пред 4 часа

Вулверхемптон го назначи Роб Едвардс за менаџер на првиот тим.

Поранешниот тренер на Мидлсбро, кој го замени Витор Переира како главен тренер на Вулверхемптон, потпиша договор од три и пол години со последнопласираниот тим во Премиер лигата.

„Роб и неговиот тим покажаа и претходно дека можат да бидат навистина добри во менувањето на културата, брзо всадувајќи доверба кај играчите и градејќи основа за позитивна иднина. Тој сака да биде на теренот и да го менува тимот, усвојувајќи тактики во различни ситуации. Мораме да ја пренесеме енергијата што ја носи од тренерот на теренот. Мораме брзо да ја всадиме таа доверба кај играчите и мислам дека Роб ќе биде одличен целиот клуб“, рече раководителот на професионалниот развој на фудбалот на Вулверхемптон, Мет Џексон.

Едвардс во минатото работел во Вулверхемптон како помошник тренер на сениорскиот тим, тренер на младинските тимови и вршител на должноста шеф на тренерскиот штаб на првиот тим.

Подоцна, тој ги водеше и тимовите на Телфорд Јунајтед, Форест Грин, Вотфорд, Лутон и Мидлсбро, а беше и селектор на репрезентацијата на Англија до 16 години. За време на неговата играчка кариера, тој играше за Вулверхемптон од 2004 до 2008 година.

На Едвардс во Вулверхемптон ќе му се придружи Хари Вотлинг, кој ќе биде прв асистент.

Вулверхемптон не победи на ниту еден од 11-те натпревари што ги одигра досега оваа сезона во Премиер лигата, во која се наоѓаат на последното, 20-то место на табелата со два бода.

Share
Scroll to Top