Габриел Жесус дебитираше со два гола за Арсенал, првиот го даде по само 90 секунди!

Габриел Жесус дебитираше со два гола за Арсенал, првиот го даде по само 90 секунди!

пред 2 години

Новото засилување на „топчиите“, Габриел Жесус даде гол за Арсенал само 90 секунди по враќњето во игра, а премиерлигашот стигна до 5:3 победа во пријателскиот меч со германскиот Нирнберг, иако губеа со 2:0 по само половина час игра.

Жесус дојде како големо засилување на нападот на тимот на Микел Артета, комплетирајќи го трансферот од Манчестер сити минатата недела и покажа што умее со два гола во првиот тест.

Нирнберг дојдоа до брзо водство од 2:0 со головите на Гајс (24.) и Дуа (29.), резултат со кој се отиде на полувреме. Жесус доби шанса да биде стартер во второто и веднаш одговори на предизвикот намалувајќи на 2:1 во 47. минута, за седум минути подоцна Елнени да израмни на 2:2. Нирнберг успеа да си постигне два автогола (57. и 63. минута), пред да намалат на 3:4 во 73. преку Шлајмер, за две минути подоцна Жесус да го постигне и вториот гол.

Share
Scroll to Top