Гаел Монфис од Ролан Гарос замина во пензија

Гаел Монфис од Ролан Гарос замина во пензија

пред 6 часа

Францускиот тенисер Гаел Монфис ја заврши кариерата на Ролан Гарос со емотивен говор по неговиот последен настап на Парискиот гренд слем. Монфис, во првото коло, по голем пресврт загуби од сонародникот Хуго Гастон со 3:2 (6:2, 6:2, 3:6, 2:6, 6:0) .

На карајот Монфис одржа емотивен говор, им се заблагодари на семејството, пријателите, тренерите и навивачите кои го следеа во текот на повеќе од две децении колку што траеше неговата кариера.

Обраќајќи се пред публиката на стадионот, 39-годишниот Французин прво им се заблагодари на своите родители, истакнувајќи дека без нивната поддршка никогаш немаше да го достигне највисокото ниво на тенисот.

„Сакав да се занимавам со сите спортови, но во еден момент навистина сакав да играм тенис. Татко ми веднаш веруваше во мене, а мајка ми постојано ме потсетуваше да не го занемарувам моето образование“, рече Монфис.

Тој, исто така, изрази посебна благодарност до Француската тениска федерација, која го прифати во програмата за развој кога имаше само 13 години.

Французинот не ги заборави тренерите кои го придружуваа во текот на неговата кариера.

„Тие ми дозволија да правам грешки, но и да учам од нив. Тие ми помогнаа да бидам тоа што сум на теренот и да пробувам нешто ново секој ден“, рече поранешниот тенисер број шест во светот.

Упати посебни зборови до својата сопруга, украинската тенисерка Елина Свитолина.

„Со мене си мене осум години. Секогаш ме поддржуваше како личност, не само како тенисерка. Беше тука во сите моменти на сомнеж и ми го даде најубавиот подарок на светот, нашата ќерка. Те сакам“, рече Монфис.

За време на своето обраќање, тој им се заблагодари и на своите пријатели од детството, како и на поранешните соиграчи и ривали, меѓу кои беа Жил Симон, Ришар Гаске и Жо-Вилфред Цонга.

„Никогаш не бевме вистински ривали надвор од теренот. Тие се мои браќа, а тенисот ми даде пријателства кои се непроценливи“, рече Монфис.

На крајот, тој и се обрати на публиката и организаторите на турнирот.

„Секоја година кога доаѓав на Ролан Гарос имав нервоза и чувствував посебни емоции. Ова место е магично. Ви благодарам на сите луѓе кои работат зад сцената: собирачи на топки, судии, обезбедување и сите што го прават овој турнир посебен“.

Тој го заврши својот говор со зборови што предизвикаа аплауз на трибините:

„Ролан Гарос, те сакам. Ти должам сè. Ти благодарам за сè што ми даде. Додека не се сретнеме повторно“, заклучи Монфис.

Во текот на својата кариера, Монфис освои 13 АТП титули, играше во полуфиналето на Гренд слем турнирите, а со години беше еден од најпопуларните тенисери во светот благодарение на неговиот атрактивен стил на игра и харизмата со која ја освојуваше публиката низ целата планета.

Неговото збогување со Ролан Гарос го означи крајот на една од најпрепознатливите кариери во францускиот тенис.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top