Газдата на Денвер за отказот на Мелоун: Победите само го маскираа проблемите

Газдата на Денвер за отказот на Мелоун: Победите само го маскираа проблемите

пред 1 недела

Американската кошаркарска јавност се уште е во шок од веста дека Денвер Нагетс го отпуштија тренерот Мајк Мелоун. Покрај тренерот, отказ доби и генералниот менаџер Крис Бут. Според многумина токму Бут е најголемиот виновнки за се она што се случува во Денвер.

Поради реакциите во јавноста, која го поддржува Мелоун, потреба да се огласи почувствува сопственикот Џош Кронке.

Кронке откри за каналот Денвер во кој момент од сезоната сфатил дека тимот не оди во посакуваната насока и кога ја зацврстил одлуката да го замени Мелоун.

„Ова не е лесна одлука или одлука која е донесена импулсивно, како реакција на последните порази. Го анализирав тимот одреден временски период, имаше одредени трендови кои многу ме загрижуваа во различни временски периоди. Сето тоа во одредени периоди ќе го замаскираа некои победи”, рече Кроенке.

„Во светот на професионалниот спорт каде што победите и поразите се ваша валута, победите можат многу да прикријат. Бевме во серија пред Ол-стар викендот, но оттогаш имавме 11-13, ги загубивме последните четири и одиме во насока што мислам дека ќе доведе до брз крај на сезоната. Кога го зедовме сето тоа во предвид баравме начин како да го извлечеме најдоброто од тимот. По разговорот со мојот татко ни стана јасно дека дека нешто мора да смениме на крајот од сезоната, но и моравме да донесеме најдобра одлука за да го раздвижиме тимот. Затоа ја донесовме оваа одлука“, објасни тој.

Кронке очекува тимот да биде подобар од досега, очекува реакција.

„Да, очекувам искра, мислам дека групата постигна многу оваа сезона, не знам до каде може да стигне, мислам дека никој нема одговор на тоа прашање, но верувам дека овој тим може да постигне повеќе оваа сезона и времето ќе покаже дали ќе успее“.

Share
Scroll to Top