Газдата на Нотингем Форест вербално ги нападнал судиите

Газдата на Нотингем Форест вербално ги нападнал судиите

пред 9 месеци

Ливерпул, во саботата славеше драматична победа на „Сити Граунд“ во Нотингем со што го задржа лидерското место на табелата во Премиер лигата и го прекина 40-годишниот пост на овој стадион.

Ливерпул до победата дојде со голот на Дарви Нуњез во 99.минута. По мечот домашната клупа влета на теренот, сите му беа лути на главниот судија Пол Тирни, бидејќи тој покажа дека ќе се игра осум минути подлго од предвиденото.

За да ги смири бурните протести Тирни подели неколку жолти каротни, а на помошникот на Нуно Еспирито Санто, Стивен Рид му покажа црвен.

На теренот влета и сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис кој, според англиските медиуми, вербално ги нападнал судиите. Им викал, ги нарекувал со разни имиња и ги следел до соблекувална. Таму, пред да интервенира обезбедувањето им порачал: „Почитувајте ги играчите, почитувајте ги играчите“.

56-годишниот Маринакис е газда на Нотингем Форест од мај 2017 година, исто така тој е газда и на Олимпијакос во Грција и Рио Аве во Португалија.

Share
Scroll to Top