Гала: Артета не беше вистинскиот избор, Виера да го спасува Арсенал!

Гала: Артета не беше вистинскиот избор, Виера да го спасува Арсенал!

пред 3 години

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Гала вели дека „топчиите“ направиле голема грешка давајќи му на дебитантот Микел Артета шанса да стане менаџер, и мора да го направат вистинскиот избор и да го вратат легендарниот капитен, Патрик Виера на „Емирати“.

Артета пристигна во Лондон од позицијата помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити во декември 2019 како замена за Унаи Емери, кој пак, го презеде водството на клубот од легендарниот Арсен Венгер. Оваа сезона почна ужасно за Арсенал и многумина покрај слабото залагање на фудбалерите со прст покажуваат кон неискуството на Артета. Гала вели дека морало да има подобар избор.

„Што се случува во Арсенал? Мислам дека тоа е прашањето кое сите си го поставуваат оваа сезона и искрено ниту јас не го знам одговорот. Мислам дека можеби работата е во тоа што во моментов Артета не е вистинскиот менаџер за тимот. За мене тој нема доволно искуство да води голем клуб и бев изненаден што беше објавен како наследник на Емери. Како менаџер треба да ракуваш со 25 луѓе и притисокот е на тебе. Да беше Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо или Арсен Венгер ќе ги почитуваш неговите одлуки бидејќи направиле многу во минатото, но Артета го нема тоа. Пред да пристигне мислев дека ќе го изберат Патрик, бидејќи имаше повеќе искуство, работеше во Америка и во Ница. Тој беше капитен и го знае клубот многу добро. Ако сега го отпуштат Артета, мислам дека Патрик е вистинскиот избор“, вели Гала.

Share
Scroll to Top