Галијани: Мислев дека ќе умрам!

Галијани: Мислев дека ќе умрам!

пред 4 години

Директорот на италијанскиот второлигаш Монца и долгогодишен директор Милан, Адријано Галијани (76) излезе од болница откако поради компликации од Ковид 19 беше хоспитализиран.

Галијани кон крајот на февруари имаше позитивен тест на коронавирусот, а од 7 до 17 март беше сместен на интензивна нега. Тој тие 10 дена ги опиша како најлошите во неговиот живот.

„Беше ноќна мора, мислев дека ќе умрам. На одделот немаше прозорци, пред мене имаше само ѕид. Искрено, мислев дека ќе умрам. Чувствувам тегоби дури и кога сум во лифт, а замислете како ми беше 10 дена во соба без дневно светло. Откако на 17 март добив негативен тест ме префрлија на друг оддел. Го прошетав целиот свет, бев во најдобрите хотели, но кога дојдов во овој оддел, помислив дека тоа е најдоброто место на кое сум бил. Ми олесна“ вели Галијани кој ги пофали здравствените работници, а се пожали дека поради Ковид 19 вирусот изгубил 10 килограми.

Share
Scroll to Top