Гарсија од наредната сезона ќе игра во Барселона

Гарсија од наредната сезона ќе игра во Барселона

пред 4 години

Барселона по завршувањето на сезоната бесплатно ќе го добие играчот на Манчестер сити, Ерик Гарсија, потврди Пеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер сити, во 2017 година, од младинската школа на Барселона, го донесе Гарсија на „Етихад“.

Минатата сезона, Ерика Гарсија, дебитираше и одигра неколку натпревари за „граѓаните“. Тогаш Барселона покажа интерес да го врати во своите редови. На почетокот на оваа сезона Гарсија одби да го продолжи договорот, што му ги отвори вратите за трансферот во Барселона.

Она што е најважно за Каталонците е што ќе го добијата овој млад фудбалер бесплатно.

„Мислам дека од наредната сезона Гарсија ќе игра во Барселона. Барса не купува играчи бидејќи се просечни, туку дека се светски класи“, рекол Гвардиола.

Покрај Гарсија, можно е Барселона да добие уште еден играч на Сити без да плати обесштетување. Станува збор за Серхио Агуеро кој сигурно ќе замине од „Етихад“. Деновиве медиумите најавуваат дека тој ќе се пресели во барселона, кај големиот пријател Лионел Меси.

Share
Scroll to Top