Гвардиола ги предупредува играчите: Арсенал нема да се откаже

Гвардиола ги предупредува играчите: Арсенал нема да се откаже

пред 1 година

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги предупредил своите играчи дека не ја завршиле работата во трката за титулата во Премиерлигата и покрај големата 4:1 победа над Арсенал на „Етихад“.

Со триумфот во средата, Манчестер сити заостанува два поени зад Арсенал на второто место на табелата, но имаат два натпревари помалку.

„Го познавам Микел и играчите знааат дека Арсенал нема да се предаде. Веќе имаат место во Лигата на шампиони и нема да се предадат. Кога ќе имаме 10 поени предност ќе кажам дека е речиси завршено, но реалноста е дека сега губиме со два поени. Имаме два меча преед нас, но мораме да покажеме почит кон тимовите со кои играме, Вест хем и Брајтон и да ги победиме. Им кажав на играчите дека може да ни се случи тоа што им се случи на Арсенал – три ремија, еден пораз. Дали тоа е невозможно? Секако не! Можеш да загубиш поени во една недела и мораме да бидеме свесни“, вели Гвардиола.

Сити имаат седум победи во низа во Премиерлигата и немаат пораз во последните 10 меча.

Share
Scroll to Top