Гвардиола за СП: Некогаш се славеше фудбалот, сега тоа стана премногу скапо

Гвардиола за СП: Некогаш се славеше фудбалот, сега тоа стана премногу скапо

пред 1 час

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, предупреди дека фудбалот станува сè помалку достапен за обичните навивачи, остро критикувајќи ги цените на билетите за Светското првенство во 2026 година.

Пред полуфиналето на англискиот ФА Куп, Гвардиола истакна дека цените на билетите, особено во Соединетите Американски Држави каде што ќе се одржи првенството, достигнуваат рекордни нивоа.

Шпанскиот стручњак изрази длабока загриженост за насоката во која се движи фудбалот, нагласувајќи како порано беше поинаку.

„Некогаш, на Светското првенство се славее радоста на фудбалската игра. Луѓето патуваа низ целиот свет за да го гледаат својот национален тим“, се присети Гвардиола.

„Денес стана премногу скапо“, додаде тој. „Фудбалот е за навивачите. Овој бизнис не функционира без навивачите“.

Пораката на Гвардиола јасно се спротивставува на сè поелитистичкиот економски модел што доминира во модерниот фудбал.

Навивачите се шокирани од цените на билетите за претстојното Светско првенство, кои честопати мора да се платат во илјадници долари, а денес на страницата за препродажба на ФИФА се појавија билети за финалето на Светското првенство, чија цена се движи од 16 илјади до неверојатни 2,3 милиони долари.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top