ФИФА, светската куќа на фудбалот, го објави потесниот круг од тројца кандидати, кои ќе се најдат во изборот за тренер на годината.
Номинирани за престижната награда се Пеп Гвардиола и двајца Италијанци Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.
Јасно е дека Гвардиола е првиот фаворит. Со Сити стана европски првак, а во Англија ја одбрани титулата и го освои ФА купот.
Спалети направи подвиг во Италија и по 35 години ја врати титулата во Серија А во Неапол. По освоената титула го напушти Наполи и ја презеде италијанската репрезентација.
Симоне Инзаги не освои ниту еден трофеј, но според ФИФА, тој имаше одлична година со Интер.