Гвардиола и Чави го коментираа можниот трансфер на Барнардо Силва

Гвардиола и Чави го коментираа можниот трансфер на Барнардо Силва

пред 2 години

Пеп Гвардиола потврди дека нема да му застане на патот на Бернардо Силва доколку сака да го напушти Манчестер сити и да потпише за Барселона. Португалскиот играч за врска има тригодишен договор со Сити, но и покрај тоа тој цело лето се поврзува со Барселона, а трансферот би можел да биде вреден околу 95.000.000 евра.

„Тој е наш играч. Ние го сакаме тука затоа што ни е важен. Сега кога го кажав тоа, ќе кажам и дека не сакам никој овде да биде несреќен. Не би сакал тој да си замине, тој е одличен фудбалер, но и одлична личност. Еден е од најдобрите со кои сум работел. Ако пристигне понуда и Бернардо замине, ќе имаме неколку дена да реагираме на пазарот. А тоа нема да биде лесно. Но, на Бернардо многу му се допаѓа Барселона“, изјави Гвардиола.

Изјавата, Гвардиола ја даде по пријателскиот натпревар помеѓу неговиот тим и Барселона. Се играше на „Камп Ноу“, заврши 3:3 и беше од хуманитарен карактер.

Имено, поранешниот голман и тренер на Барселона, Хуан Карлос Унзуе успеа да договори меч меѓу два европски титани, а целиот приход ќе оди во истражувачкиот центар за амиотрофична латерална склероза (АЛС).

По средбата, новинарите побараа од Чави да даде коментар за можното доаѓање на Силва.

„Кој не го сака Бернардо Силва? Или Ерлинг Халанд или Кевин Де Брујне? Силва носи одлични одлуки на теренот, одлично ја заштитува топката, тој е многу добар. Сити треба да одлучи. Во моментов нема никави новости”, изјави Чави.

Бернардо Силва игра за Сити од 2017 година. За тимот одигра 254 натпревари, има постигнато 49 гола, забележал и 51 асистенција.

Share
Scroll to Top