Роналдо задоволен од условите во Саудиска Арабија, но и изненаден од различностите

Гвардиола: На луѓето од ФА не им е гајле за здравјето на фудбалерите

пред 7 месеци

Манчестер сити преку Челси избори место во финалето на ФА купот. Голот на Бернардо Силва во 84.минута го реши победникот. Сити во финалето ќе го брани трофејот прптив Конверти или Манчестер јунајтед.

По изборениот пласман во финалето, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, пред ТВ аутидориумот го искажа својот бес од нехуманиот распоред.

Опкружен со легендите Гери Линекер, Алан Ширер и Френк Лампард, Пеп рече.

„Неприфатливо е што игравме денес. Неприфатливо. Ненормално. За здравјето на играчите. По 120 минути против Реал… Ова е неприфатливо. Не разбирам како преживеавме денес. Ништо нема да се промени. Ништо. Зошто мора да играме денес, а не утре кога Челзи, Манчестер јунајтед и Ковентри не играат среде недела, кажете ми зошто, не разбирам зошто не ни дадоа слободен ден за овој натпревар?“, рече Гвардиола и дополни.

„За нас елиминацијата од Реал беше нокаут и затоа е недозволиво што моравме да играме денеска. Манчестер јунајтед и Ковентри не се во Лигата на шампионите, а нивните полуфиналиња се играат ден нашето. Тука станува збор за здравјето на играчите! Ќе ми речете дека ова е поради ТВ правата. Не, јас ова го зборува бидејќи тука станува збор за здравјето на фудбалерите, не можам да го прифатам тоа. Овие играчи се легенди. Легенди. Не ми е јасно како преживеаја денес. Секоја чест. Сакаме да играме фудбал, го сакаме овој спорт, но ова е премногу за здравјето на играчите“.

Share
Scroll to Top