Кај фановите на Манчестер Сити расте позитивна тензија пред утрешниот реванш полуфинален меч против ПСЖ затоа што „граѓаните“ се на чекор до историски пласман во финалето.
Иако Пеп го има освоено „пехарот со големите уши“ со Барселона, тој утрешниот меч го дочекува на кормилото на Сити, тим со кој досега не успеал да дојде ниту до полуфинале во ова натпреварување.
Париските 90 минути завршија во корист на Сити, со 2-1.
„Во добра форма сме, им реков на момците да не размислуваат премногу за тоадека мора да се добие мечот, туку да играат исто како на големиот број натпревари сезонава. Имаме стартна предност. За голем дел од играчите ова ќе е првпат да играат за финале во ЛШ. Во вакви натпревари најбитно е да не дозволите емоциите да ве понесат“ вели Гвардиола.
Шпанскиот стратег пред реваншот повеќе работи на психолошка, отколку на тактичка подготовка.
„Со години го чекаме овој момент, за противникот не разговараме затоа што игравме пред само една недела. Зборуваме за нас. Нивните `ударни игли` се истите како и пред една недела. Ние ќе пробаме да бидеме поопасни. Силината на ПСЖ е што можат да ја менуваат формацијата на теренот, имаат многу паметен тренер“ смета тој.
Гвардиола нема дилеми дека Сити ќе игра финале во ЛШ.
„Многу малку се работите кои ме мислат пред реваншот. Огромен оптимист сум, многу помирен од порано. Вториот меч од полуфиналето е секогаш најтеѓок, потежок дури и до финале, но свесни сме што мора да направите“ заклучи Шпанецот.