Гвардиола очаен: Тимовите на Мурињо се такви и сега се фаворити за титулата

Гвардиола очаен: Тимовите на Мурињо се такви и сега се фаворити за титулата

пред 3 години

Пеп Гвардиола признава дека беше исфрустриран од начинот на кој неговите Манчестер сити не успеаја да го „скршат“ Тотенхем во саботата, оценувајќи дека тоа е типичен начин на кој играат тимовите на Жозе Мурињо.

Тотенхем стигнаа до 2:0 победа, откако Сон Хеун-Мин ја искористи дефанзивната грешка на стартот на мечот, а откако двата тима имаа поништен гол во првото полувреме, Џовани Ло Селсо го реши мечот во 65. минута. Сити имаа 67 отсто од поседот на топката во мечот и 22 удари на голот во споредба со 4 на Спарси, но не успеаја да постигнат гол.

„По првиот гол, тие влегоа во длабока одбрана со шест и не беше лесно. Имавме шанси и не ги искористивме, а тие направија две-три шанси на контра и го загубивме мечот. Тимовите на Мурињо се такви – ќе згрешиш и ќе те казнат на контранапад. Не е лесно, Хери Кејн и Ндомбеле се на половината“, признава Гвардиола.

Со поразот, Сити се само на 11. место на табелата, додека Тотенхем се први и Гвардиола признава дека се фаворити за титулата.

„На првото место се, така што се пред другите во борбата за титулата. Има уште многу да се игра, ние заостануваме осум поени и тоа е тоа. Дали ќе биде можно да ги стигнеме ќе видиме, но мора да победуваме“, вели Каталонецот.

Share
Scroll to Top