Гвардиола се жали: Немаме вистински напаѓач!

Гвардиола се жали: Немаме вистински напаѓач!

пред 3 години

Преодниот рок е веќе затворен, а менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се жали на мал број играчи во тимот. По победата на гостувањето кај Лестер со што „граѓаните“ се на врвот на табелата во Премиерлигата, шпанскиот стратег на новинарите им се пожали дека нема вистински напаѓач во тимот.

„Последните 11 гола ги постигнаа 9 различни играчи. Ние немаме вистински напаѓач, мора да постигнуваме голови како тим. И денеска направивме многу шанси, ја заслуживме победата“ рече Гвардиола по вчерашниот меч.

Во системот на игра не му се вклопуваше Серхио Агуеро, имаше проблеми во доведувањето на Кристијано Роналдо и на Хари Кејн, па единствената вистинска „деветка“ во Сити сега е Бразилецот, Габриел Жесус.

Share
Scroll to Top