Гери Невил со црвено вино го прослави „топењето“ на Ливерпул

Гери Невил со црвено вино го прослави „топењето“ на Ливерпул

пред 4 години

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил уште еднаш малку претерано се радуваше на пораз на ривалите Ливерпул, откако „црвените“ загубија со 0:2 од Евертон на „Енфилд“, нивни четврти пораз во низа на домашниот стадион, нешто што не се случил од 1923 година.

Невил шоуто го започна на полувреме, кога како коментатор на „Скај спортс“ му порача на Џејми Карагер да излезе и да го облече дресот по слабата игра. Потоа тој објави видео на кое со чаша вино во рацете, намерно грешеше во зборовите.

„Беше тешко во потсмевот, односно топењето, односно локдаунот да се види растурањето на шампионите“, вели Невил.

Гери Невил не се воздржа – отвори шампањско за израмнувањето со Ливерпул

Карагер со слика на српски криминалец му го честитал роденденот на Невил

Share
Scroll to Top